Весна Јаневска: „11 Октомври, сите сме го прифатиле во Република Македонија. И јас, со задоволство. Го славиме како Ден на востанието на македонскиот народ против фашистичката окупација. Како ден кога македонскиот народ се приклучи на Антифашистичката коалиција. Сте се прашале ли, почитувани пратеници, кој на кого пукаше? Ќе ве потсетам. Претпоставувам дека повеќето знаат. Но, ќе ве потсетам дека еден прилепски комунист пукаше на еден Македонец од Смилево, кој, облечен во жандармериска униформа стоеше на стражарско место пред Учестокот во Прилеп. Почитувани пратеници, ако ова му го кажете на били кој современ европски политиколог или социолог, ќе ви каже дека тоа беше братоубиствена војна.“ Стенографски белешки од Тринаесеттото продолжение на Четиринаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17. јануари 2007 година